Бојко Борисов – лидерот на ГЕРБ е убеден дека премиерот Кирил Петков не е во состојба да го реши спорот меѓу Софија и Скопје, јавиува „БГНЕС“. Изјавата на поранешниот претседател на бугарската Влада доаѓа по предлогот на француското претседателство доставен до собраниската Комисија за надворешна политика во петокот.
„Ја гледате ли подлоста. Тој се обидува тајно да договори нешто што ќе излезе пред јавноста, гледате дека се случува, но не затоа што тој e лош, туку парламентот така одлучил. Не, до ден денес јасно е дека Петков не може да придвижи напред ништо што е поврзано со С. Македонија и Албанија“ – смета Бојко Борисов.