Кличко: Давањето територии не е компромис!

„Украина не планира да отстапи територии на Русија“. Ова е ставот на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко кој смета дека давањето територии, не е компромис.

Кличко изјави дека руската јавност на крајот ќе сфати дека, како што кажа, нивните млади војници гинат за ништо друго освен за амбициите на рускиот претседател Владимир Путин.

Поранешниот боксерски шампион ова го изјави за „Би-би-си“ за време на погребот на познатиот антикорупционер Роман Ратушни (24), кој е убиен во Изум, во областа Харков на 9. јуни.

Војната во Украина трае веќе 116 дена. Руските сили продолжуваат да распоредуваат дополнителни сили за поддршка на офанзивните операции во областа Северодонецк-Лисичанск.