Втор круг парламентарни избори во Франција

Денеска во Франција се одржува втор круг од парламентарните избори. По првиот круг коалицијата предводена од претседателот Емануел Макрон (Заедно) и левичарскиот сојуз на Жан-Лук Меланшон се „рамо до рамо“.

Вториот круг одлучува дали Макрон по изборите ќе има апсолутно или просто мнозинство во Националниот парламент.

Првиот круг од парламентарните избори во Франција минатата недела беше шокантен за претседателот Макрон, кандидатите од неговата владејачка партија претрпеа големи загуби и беа на ниво на нивните политички противници од обединетата левица.

Доколку нема мнозинство, партијата на Макрон би можела да зависи од гласовите на левичарскиот сојуз, а тој и Франција би можеле да се соочат со политичка парализа.

Од друга страна, Меланшон се надева дека ако победи неговиот сојуз, тој ќе стане премиер.

Според „Ипсос“, групата на Макрон ќе биде прва со 265 до 305 пратеници, а групата на Меланшон ќе има меѓу 140 и 180 пратеници.

Третиот блок составен од формацијата на екстремната десница Марин Ле Пен се надева дека ќе ја помине границата од 15 пратеници за да можат да формираат пратеничка група во Собранието.