Жељко Комшиќ – членот на Претседателството на БиХ ја обвини Хрватска дека ја злоупотребува својата улога во ЕУ и НАТО со иницијативите за измена на Изборниот закон на БиХ. Тој вели дека таквите потези не се поддржани од „пријателска“ и „добронамерна“ Турција предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Комшиќ синоќа рече дека со министерот за надворешни работи на Турција – Чавушоглу најмногу разговарале за односите меѓу земјите од регионот и деталите од неговата посета на Загреб и разговорите со неговиот колега Гордан Грлиќ Радман.
„Од министерот добивме уверување дека не го поддржуваат она што Загреб се обидува да го направи во однос на интервенциите во внатрешните работи, дури и во однос на Изборниот закон. Фактот што Загреб ги злоупотребува таквите средби, па дури и неговата позиција во ЕУ и НАТО, според мене е одраз на очајот на Загреб што не може да го зграпчи тој лост на моќ во Босна и Херцеговина. Турција не ја поддржува позицијата дека „треба да се отворат преговори меѓу двата народа“ – рече Комшиќ.