„Две третини менуваат Устав. Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот за бугарските барања да бидат дел од него“.
Ова меѓудругото вечерва од пред Владата го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ 0 Христијан Мицкоски на денешниот протест.
„Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на националните интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува ниту една точка“ – рече Мицкоски.
Тој испрати порака и до официјална Софија дека со политиката кон Макдонија неповратно ги оддалечува нашите два народи.
„Бугарија треба да се извини за фашистичкото минато што го вршела врз овој народ, а не да ја ретушира историјата“ – рече Мицкоски додавајќи дека тоа не се никакви вредности.