Рекордни температури во Франција и Шпанија – 42 степени под сенка

Невообичаен топлотен бран ги погоди Франција и Шпанија. Се појавија и пожари, а ситуацијата е комплицирана од сушата и ветерот.

Температури од 40 до 42 степени се очекуваат денеска во Сарагоса, во североисточниот дел на земјата, во Навара и во регионот Ла Риоха на север, соопштија синоптичарите, а слични температури има и во Франција.

Ова се највисоките температури во последните децении за овој период, пред почетокот на астрономското лето.