Паѓа вредноста на биткоинот
Најсилната криптовалута во светот – биткоинот се намали за 8,9% и сега чини 24.903 долари. Тоа е најниско ниво од декември 2020 година.
Ваквото намалување се случува по загрижувачките податоци за инфлацијата во САД. Експертите велат дека биткоинот би можел да има најниска вредност на крајот на оваа, или почетокот на следната година.