Захарова: Украина во старите граници веќе не постои!

Марија Захарова – портпаролката на руското Министерство за надворешни работи вели дека Украина повеќе не постои во своите поранешни граници.

„Украина, која сите ја знаевме во границите што постоеја претходно, повеќе ја нема. И нема да биде. Тоа е очигледно“ – рече Захарова во интервју за „Sky News Arabia“.