Ива Митева од „Има таков народ“ не сака да биде претседател на бугарското Собрание

Пратеничката Ива Митева од партијата на Слави Трифонов – „Има таков народ“ одбила да биде предложена за претседател за нов претседател на 47. Народно собрание на Бугарија, соопштија за БНР по вонредниот состанок на пратеничката група ИТД.

Според неа, немало ништо страшно доколку не се избере нов претседател во рокот од 14 дена, предвиден во собранискиот деловник.

Митева најави дека нема да биде кандидат за претседател на Народното собрание на Бугарија сè додека не се смири ситуацијата, а таа смета дека претседател на Собранието треба да биде човек кој ќе има согласност од целиот парламент. Митева не гледа кој од нејзините колеги би ја преземал оваа функција и да биде понижуван секој ден.

Според неа, нема потреба ситуацијата во Бугарија да биде толку тензична и немало потреба се да се прави со инает.