
Извештај на Амнести за Србија: Демонстрантите, новинарите и организациите на граѓанското општество соочени со заплашување
Во Србија демонстрантите, новинарите и организациите на граѓанското општество се соочиле со заплашување, малтретирање и нелегален надзор од страна на властите кои се обидувале да го спречат широко распространетото незадоволство, наведува во извештај организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнл.
Во Србија демонстрантите, новинарите и организациите на граѓанското општество се соочиле со заплашување, малтретирање и нелегален надзор од страна на властите кои се обидувале да го спречат широко распространетото незадоволство, наведува во извештај организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнл.
Според нив, властите во Србија „го зголемиле трансферот на оружје во Израел“ – во првата половина од 2025 година извезле муниција во вредност од над 55 милиони евра со што ги прекршила своите обврски според Договорот за трговија со оружје и меѓународното хуманитарно право.
Србија не одговорила на барањата за информации за деталите за трансферите меѓу двете земји.
Во Србија, 2025 година беше обележана со демонстрации, поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад и смртта на 16 лица. Демонстрантите тврдеа дека небрежноста е поттикната од корупција и побараа политичка одговорност од претседателот Александар Вучиќ, како и предвремени избори и широки реформи, потсетува АИ.
„Протестите предизвикаа остар одговор од полицијата и владејачката Српска напредна странка (СНС)“, пишува АИ и додава дека демонстрантите биле изложени на прекумерна употреба на сила во неколку случаи низ целата земја, дека имало регистрирани случаи на заплашување, тепање и злоупотреба од страна на полицајци во цивилна облека и униформирани полицајци, а студентите-демонстранти биле насилно напаѓани и од поддржувачи на СНС, чии постапки подоцна биле одобрени и помилувани од претседателот.
Се наведува дека „полицијата произволно привела стотици демонстранти, десетици од нив биле удирани и тепани, а на некои притвореници им се заканувале со силување, насилство и смрт“.
Новинарите биле цел додека известувале за протести и други прашања од јавен интерес, а до средината на годината биле регистрирани над 160 случаи на заплашување и напади, забележува АИ, додавајќи дека властите, исто така, продолжиле нелегално да користат шпионски софтвер и други алатки за дигитална форензика против активисти и новинари.
„Дискриминацијата останува значаен проблем што ги засега жените и девојките, Ромите, ЛГБТИ лицата и лицата со попреченост“, пишува АИ во делот за Србија, додавајќи дека „гонењето на воените злосторства и регионалната судска соработка се ставен настрана“.
Извештајот на Амнести Интернешнл за 2025 година, исто така, наведува дека „е постигнат ограничен напредок во обезбедувањето на правото на здрава животна средина“ во Србија.