Дендиас и Чавушоглу во Охрид се „закачија околу кафето“

Шефовите на дипломатиите на Грција и Турција имаа средба во Охрид, на Преспа форумот за дијалог.

Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу вчера беа во Охрид како дел од Преспа форумот, но во одделни сесии.

Имале кратка средба додека турскиот министер за надворешни работи пиел кафе, а тема на разговор било дали кафето е турско, грчко или еспресо.

Чавушоглу одговорил дека турското и грчкото кафе се всушност исто кафе, но тој пие еспресо.

Дендиас на Твитер објави фотографија со Чавушоглу и напиша дека имал „социјално ракување“ со неговиот турски колега.