Бајден: Рецесијата во САД не е неизбежна!

Американскиот претседател Џо Бајден смета дека рецесијата во САД не е неизбежна и има причини за оптимизам. Тој коментираше предупредувања на економисти за можен пат на САД кон рецесија.

Според него, американскиот народ е „многу, многу депресивен“ по две бурни години со пандемијата од Ковид-19, економската нестабилност и најновиот раст на цените на горивото што го погодува буџетот на семејствата.

Тврди дека потребата за менталното здравје во САД е огромна, бидејќи сè на што луѓето сметаа, се наруши и пропадна. Но, најголем дел е последица на кризата со Ковид-19.

Оценува дека има причина за оптимизам и е уверен дека САД се подобро позиционирани од која било земја на светот.