Мета, Гугл и Твитер влегуваат во поостра борба со лажните вести

 Мета, Гугл, Твитер и Мајкрософт се согласни да влезат во поостра борба против дезинформациите согласно новиот надополнет кодекс на ЕУ, според кој тие може да добијат строги казни доколку не го сторат тоа.

Над 30 потписници се обврзаа на ажуриран Кодекс за борба против дезинформации, соопшти Европската комисија.

Согласни се да направат повеќе во борбата против манипулираните видеа, лажните профили и политичкото рекламирање, додека непочитувањето може да резултира со казни до 6 отсто од глобалниот промет, изјави официјален претставник на ЕУ минатата недела.

Компаниите имаат шест месеци за да исполнат преземените обврски и ќе треба да презентираат извештај за напредокот на почетокот на 2023 година.

Санкциите би можеле да вклучат забрана за компании, а доколку има постојано прекршување на правилата, може да се разгледа и пристапот кон информативен простор, велат упатените.