Владата во Унгарија продолжи да ја ограничува цената на горивата и храната

Унгарската Влада продолжи со ограничување за цените на храната и горивата до 1. октомври, а ограничувањето на каматните стапки на хипотеките на мало ќе остане во сила до крајот на годината. Ова го соопшти премиерот Виктор Орбан.

Инфлацијата во Европа дополнително се зголеми по руската инвазија на Украина, па централните банки ширум регионот ги зголемија каматните стапки.

Во средината на ноември, владата на Орбан постави ограничување од 480 форинти (околу 1,20 евра) за литар гориво, а во февруари ги ограничи и цените на некои прехранбени производи.

Поевтините цени на горивата беа ограничени само за автомобили со унгарски регистарски таблички, што предизвика конфликт со Европската Унија.