„Премногу е од сите овие порази, премногу е од оваа девастирачка политика која што се случува овие пет години. Премногу е од тоа што Македонија и македонскиот граѓанин постојано губи, се осиромашува, се понижува. Премногу е што луѓето во немоќ заминуваат од тука. И практично премногу е што овие пет години изгубивме толку многу што ќе ни треба двојно повеќе да работиме од најдобрите денови за да можеме да дојдеме до една состојба во која што бевме кога бевме држава за пример и во Европа, но и тука на Балканот. Период кога бевме рекордери по странските инвестиции, кога бевме држава каде што се градеше, каде што се реализираа проекти за разлика од сега каде што исклучиво само се краде“.
Ова меѓудругото на тв Канал 5 тв изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека на протестот кој е закажан за 18. јуни (сабота) очекува масовна присутност на граѓани.
„Протестот на 18-ти јуни ќе биде еден од најголемите протести кој што некогаш се случил во Македонија. Јас секој протест го сметам за успешен, но на овој протест ќе има многу десетици илјади наши сограѓани кои што ќе излезат на овој протест“ вели лидерот на опозициската партија.
„Врз основа на тоа што го читаме и добивме како информација, ако е така тога е шокантно, негативно и лошо. За тоа зборував цело време, дека се предвидува да сите барања на Бугарија бидат дел од преговарачката рамка. Ова е нокаут за македонската дипломатија“ вели Мицкоски.
Тој потенцираше дека тоа значи дека ние или ќе се асимилираме, односно бугаризираме или никогаш нема да бидеме дел од Европската Унија.
„Тоа е класичен нокаут. За мене уште поголем нокаут е лицемерната политика. Затоа што денеска покрај овој нокаут за македонската дипломатија, слушам уште еден преседан, а тоа е да се уценува Македонија земја кандидат, а притоа да се излезе со позиција дека Украина заслужува кандидатски статус. Македонија беше во 1999 добар домаќин ан стотици илјади НАТО војнции, имавме војна на нашата северна граница, никој тогаш не ни рече од утре сте членка на НАТО, туку во 2008 повторно бевме уценувани да менуваме име. Македонија имаше внатрешен конфликт, никој тогаш не кажа од утре сте кандидат за ЕУ, чекавме до 2005. Работевме за да дојдеме до тој кандидатски статус“ – нагласи Мицкоски.
Додаде дека 22 години седиме во чекална, а не сме ни на масата.
„Како на луѓето од Македонија ќе ги презентираме европските вредности коа ние сме уценувани да прифатиме да се асимилириаме и бугаризираме, и нашите предци, дедовци и баби ако сакаме да сме дел од ЕУ или тоа за нас е невозможна мисија. Жалам за тоа што се случува во Украина, но жалам и за тоа што се случува во Македонија. Десетици автобуси полни си одат со млади од државава затоа што некој 22 години не влече за нос. Нема што да се разговара за ваква позиција“ – изјави Мицкоски.