Лавров: Противтенковските системи што Западот и ги дава на Украина се продаваат на црн пазар во Албанија и Косово

„Преносливите ракетни системи `Стингер` и противтенковските системи `Јавелин` што Западот и ги доставува на Украина веќе се продаваат на црниот пазар“.

Ова денеска го изјави рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров.

„Се разбира, не е важно да се погледне одблиску што веќе се случува со оружјето што го има во Украина, оние `Стингери`, `Јавелини`. Тие се веќе на црниот пазар. Се појавија во Албанија и Косово и се продаваат со попуст. Се на се, процесот на освојување на црниот пазар е во тек“ рече Лавров.