Столтенберг ја разбирал загриженоста на Турција ако Шведска и Финска влезат во НАТО

Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО рече дека има разбирање за загриженоста на Турција поврзана за членството на Шведска и Финска во Алијансата, но посочи и дека се работи интензивно да се надминат проблемите.

„Иако многумина се надеваа дека апликациите за членство на Финска и Шведска многу брзо ќе ги помине процедурите во НАТО, официјална Анкара засега го блокира процесот, бидејќи е загрижена поради врските што ги одржуваат овие две земји аспиранти со групи кои се сметаат за терористички во Турција. НАТО не го потценува ставот на Анкара. Турција изрази загриженост за сериозни прашања поврзани за тероризмот и работиме да ги решиме тие преокупации“ – рече Столтенберг додавајќи дека голем број други земји членки на НАТО го поддржуваат членството на Шведска и Финска.

Тој инсистираше дека Турција ја поддржува и политиката на отворени врати на НАТО, но дека се соочува со специфични теми кои и претставуваат проблем.