„Газпром“ со намалена количината на испорачан гас за Германија
Во последните недели Русија целосно ја укина испораката на гас за повеќе европски земји поради воведените санкции против неа како резултат на воената инвазија на Украина.
Руски „Газпром“ од денеска започна да ја намалува количината на гас што ѝ ја испорачува на Германија преку гасоводот „Северен тек 1“ на дневен максимум од 67 милиони кубни метри.
Редуцирањето на снабдувањето со гас доаѓа по најавата дека оваа компанија ќе ги намали максималните количини за достава на гас од 167 милиони кубици дневно на 100 милиони кубици.
Германскиот министер за економија – Роберт Хабек ја обвини Русија дека со овој потег се обидува да ги зголеми цените на гасот, но додаде дека Германија и натаму може да обезбеди алтернативни резерви на гас, но по повисока цена.
Германските резерви со гас моментално се на 56 отсто од целиот капацитет.