Макрон, Шолц и Драги на пат за Киев

Претседателот на Франција – Емануел Макрон, канцеларот на Германија –  Олаф Шолц и италијанскиот премиер – Марио Драги со специјален воз денеска тргнаа кон Киев, објавија тамошните медиуми.

Макрон, кој беше во посета на Романија и Молдавија изрази поостра линија кон Русија и рече дека Европа треба да испрати силен сигнал до Украина додека се обидува да ја смири загриженоста во Киев и меѓу некои европски сојузници во врска со неговиот претходен став кон Москва.

Оваа симболична посета на Киев на тројцата високи државници доаѓа еден ден пред Европската комисија да даде мислење за статусот на Украина како кандидат за ЕУ.