Ковид 19 вирусот раширен на грчките острови Миконос и Санторини. Дури 36,98 отсто, односно 25,32 проценти од направените тестови за Ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција.
За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14% на позитивните случаи.
Според стапката на позитивност, следи западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 проценти, како и островот Милос со 15,7 проценти.
Со над десет проценти се и островите Парос, Андрос, Закинтос и Родос, како и центарот на Атина.
Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.517.898 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции што е 3.9 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.049 лица.