Бајден најави ново оружје за Украина

Американскиот претседател – Џо Бајден најави дополнително оружје за Украина кое вреди една милијарда долари.

Според информациите, пПомошта вклучува „дополнително артилериско и крајбрежно одбранбено оружје, како и муниција за артилерија и напредни ракетни системи“.

Претседателот на САД информираше дека за новото оружје го известил украинскиот претседател – Володимир Зеленски во нивниот телефонски разговор кој траел 40-тина минути.

Бајден најавил и дополнителни 225 милиони долари хуманитарна помош за украинските цивили.

Меѓудругото помошта вклучува снабдување со вода за пиење, критични медицински материјали, како и пари за основните потреби на жителите.