Старо урнебесно видео од Вучиќ и Орбан повторно стана вирално, собра 300.000 прегледи за еден ден

Во видеото од 2022 година во возот на тогаш новата брза линија што ги поврзува Белград и Нови Сад, Вучиќ погледна низ прозорецот и мавташе за време на возењето, но на патот по кој поминаа немаше апсолутно никој.

Старо видео од српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан од воз повторно стана вирално на социјалните мрежи, само неколку дена пред парламентарните избори во Унгарија.

Во видеото од 2022 година во возот на тогаш новата брза линија што ги поврзува Белград и Нови Сад, Вучиќ погледна низ прозорецот и мавташе за време на возењето, но на патот по кој поминаа немаше апсолутно никој.

Во еден момент, и Орбан почна да мавта, но се чини дека набрзо сфати дека нема никој, па почна да се врти и да се обидува да разбере што се случува.

„Секогаш е убаво да се видат двајца од омилените европски лидери, Вучиќ и Орбан, како насобраните луѓе пред возот ги поздравуваат и им восхитуваат. Само погледнете“. Со овој опис, видеото собра повеќе од 300.000 прегледи за само еден ден, а коментарите под објавата беа немилосрдни кон лидерите на Србија и Унгарија.