Апелација ја укина затворската казна за Лидија Димова
Апелацискиот суд ја укина пресудата со која Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше осудена на двегодишна казна затвор за злоупотреба на службената положба и предметот го врати на повторно судење, пишува „Слободен печат“.

Според сознанијата, укинат е и делот со кој Димова требаше да врати 370 илјади евра кон Националната агенција.
Апелација посочува дека во првостепената пресуда не било јасно за кои дејствија Димова се огласува за виновна, а за кои дејствија се ослободува од обвинение.
Според Судот, пресудата е нејасна и неразбирлива зашто од една страна Димова се осудува за „злоупотреба на службената положба“ а од друга страна се ослободува за „измама на штета на средства на Европската заедница“ без да се каже за кои дејства од второто дело се ослободува.
На Димова ѝ се става на товар дека од 2018 до 2020 година како директорка на Агенцијата што раководи со „Еразмус+“ програмата, со намера за друг да прибави значителна имотна корист ангажирала надворешни соработници, експерти и обучувачи без јавен конкурс. Исто така, ѝ се става на товар дека незаконски го спровела преселувањето и реновирањето на Националната агенција во нови простории, како и дека одобрувала исплата на дневници за патувања во странство.