Најпрво му беше укинат затворскиот притвор. Во февруари годинава судот му го укина и притворот во домашни услови по прифаќање на приложената гаранција од 192.000 евра, па денеска преку адвокатскиот тим поранешниот генерален секретар на Владата – Драги Рашковски побара да му биде вратен и пасошот.
Патната исправа му беше одземена како мерка на претпазливост за евентуално напуштање на државата по укинување на притворите.
Барањето Рашковски го изнесе на денешното судско рочиште, на кое продолжија да се изведуваат доказите на Обвинителството – поточно се читаа пораки што си ги праќале обвинетите во случајот „Софтвери“.
Рашковски се товари за злоупотреби при набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци.