Платини може да заврши година ипол во затвор
Швајцарскиот суд ќе ја донесе пресудата за случајот со финансиски малверзации на Сеп Блатер и Мишел Платини. На 8. Јули е пресудата, а обвинителот побарал казна затвор за двајцата во траење од по18 месеци.
Сеп Блатер – поранешен претседател на ФИФА, а Платини се товари за малверзации додека беше прв човек на УЕФА.
Двајцата се под сомнение за финансиски малверзации, во кои се проневерени најмалку 2 милиони швајцарски франци, во случај од 2011. година.
Парите наводно биле префрлени од сметка на светската фудбалска организација на личната сметка на Платини.
Претходно Платини му беше советник на Швајцарецот во ФИФА, во периодот од 1998 до 2002 година, а во 1999 година на Французинот според склучениот договор, му биле исплатени 300.000 швајцарски франци за едногодишната соработка.