Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Од Министерството за правда велат дека се отворени за соработка и дијалог. Посочуваат дека станува збор за стручен испит, а не управна постапка. Како и претходно, велат дека правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата, при што законите предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик.

Денеска, со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит. Протестот ќе започне од пред плоштадот „Карпошово востание“, улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда. Сообраќајот од овие улици ќе биде пренасочен, а МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Претседателот на Влада Христијан Мицкоски, вчера ги увери студентите дека ќе се изнајде решение. Апелира да не дозволат да бидат алатка во раце на политичка партија, која како што изјави живее во спомените од минатото.

„Овој протест за жал гледам дека е силно поддржан од една опозициска политичка партија, која повеќе од дваесет години не успеа да го реши тоа прашање и сега е лицемерно да на овој начин комуницира со јавноста. Второ, кое е важно да се каже е дека студентите, своето високо образование го оформиле на својот мајчин јазик, во случајот албанскиот јазик. Ние како Влада имајќи го сето ова в предвид формиравме група на уставни експерти кои работат на решение кое ќе биде и уставно и во согласност со меѓународните стандарди,“ изјави Мицкоски.

Меџити: Студентските протести се аларм

Во пресрет на најавениот протест за полагање на правосудниот испит на албански јазик, градоначалникот на Чаир Изет Меџити повика на поголема свесност кај политичките и општествените актери, оценувајќи дека станува збор за прашање кое бара системски пристап.

Според него, во мултиетнички држави како Македонија, политичките елити имаат обврска континуирано да градат правни и институционални политики кои го одразуваат мултиетничкиот карактер и различноста на општеството.

„Јазичната политика во Македонија, за жал, е уредена со половичен закон. Половични закони даваат половични решенија“, посочува Меџити.

Тој нагласува дека протестот не треба да се гледа како политизација, туку како повик за подобри законски решенија и долгорочни институционални политики.

„Протестот е повик за освестување за сите политички и општествени актери кои треба да придонесат за подобри решенија. Студентските протести секогаш се аларм за појави во општеството кои политичките структури имаат обврска да ги третираат целосно“, наведува Меџити.