Аксиос: САД, Иран и медијаторите разговараат за 45-дневен прекин на огнот

САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијален 45-дневен прекин на огнот што би можел да доведе до траен крај на војната, објави вчера Axios, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите.

Ројтерс не можеше да ја потврди веста, бидејќи Белата куќа и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Според Axios, медијаторите разговараат за условите за двофазен договор, при што првата фаза е потенцијален 45-дневен прекин на огнот во текот на кој би се преговарало за траен крај на војната. Втората фаза би била договор за прекин на војната.

Прекинот на огнот би можел да се продолжи доколку е потребно дополнително време за разговори. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави за Wall Street Journal дека неговиот рок за Иран да го отвори Ормутскиот теснец или да се соочи со напади врз критичната инфраструктура е вторник вечерта.

„Ако не сторат нешто до вторник навечер, нема да имаат повеќе електрани и нема да имаат повеќе мостови“, изјави Трамп за „Џурнал“.