
Најмалку пет лица беа убиени во воздушен напад врз станбена зграда во Иран, соопштија властите рано утринава, пренесе ДПА.
Во нападот, што иранските власти го опишаа како заеднички американско-израелски напад, рано утринава е погоден централниот град Ком, објави новинската агенција Фарс, повикувајќи се на висок безбедносен службеник во покраината.
Спасувачките операции сè уште се во тек, а бројот на жртви може да се зголеми дополнително, соопшти Фарс, пренесена од германската агенција.