Трамп со нова закана до Иран: Отворете го проклетиот теснец луди гадови, или ќе доживеете пекол
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормускиот теснец.

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете го проклетиот теснец луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Трамп и вчера му се закани на Иран дека има 48 часа да склучи договор, а во спротивно, како што наведе „целиот пекол ќе се урне врз нив“.
Трамп денеска објави и дека американската војска го спасила „длабоко во планините на Иран“ вториот член на екипажот на борбениот авион Ф-15 што беше соборен од иранската противвоздушна одбрана.
Тој додаде дека спасениот пилот е „сериозно повреден, но и навистина храбар“ и оти операцијата за спасување била исклучително ризична.