Покажал среден прст кон полициски радар, заработил казна од 5.000 евра

Судот во Германија казнил возач и тоа со 5.000 евра затоа што покажал среден прст при снимање на полициски радар заради пребрзо возење.

Полицајците кои биле во возилото со радарот, поднеле пријава за навреда на државните органи. Истрагата против 53-годишникот траела цели месеци, па следува судски процес.

Обвинетиот поднел жалба, па ја повлекол, и решил да ја прифати казната за навреда на државните органи во два случаи.

Напишал и писмо со извинување до полицијата. Германските закони за намерна навреда на државни органи предвидуваат и затворска казна до 1 година.