Премиерот на Албанија – во интервју за „Политико“ вели дека не очекува на самитот на ЕУ следната недела да се отвори патот за неговата земја да ги почне преговорите за членство. Вината ја префрли на Бугарија.
„Немам никакви очекувања. мислам дека ништо нема да се случи. Албанија и Македонија нема формално да ги почнат преговорите“ – вели Рама.
Тој не очекува бугарските лидери да ја променат својата позиција за Македонија, бидејќи тие го претвориле спорот во толку големо прашање што е исклучително тешко да се повлечат.
На прашањето дали некој од лидерите на ЕУ дал сигнал дека разговорите би можеле да започнат наскоро, тој одговори:
„Какви сигнали можат да дадат? Не се работи за нив. Повторно се работи за Бугарија. Сите тие се согласуваат, сите поддржуваат, секој што мислат дека ова треба се случи и дека веќе требаше да се случи. Но нивниот простор за маневрирање е ограничен од Бугарија“.
„Ова е спирала. Тие влегоа во спирала. И многу, многу е тешко да се излезе од оваа спирала“ рече Рама, кој ќе присуствува на состанокот на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Брисел пред самитот.