
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social видео на кое се гледа „огромен напад врз Техеран“.
Заедно со видеото, тој изјави дека „многу ирански воени лидери кои ги воделе лошо и неодговорно“ се убиени во нападот.
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) April 4, 2026
Тврдењата на Трамп доаѓаат по интензивните напади врз ирански воени и политички цели, во кои претходно беа убиени високи функционери, вклучувајќи го и врвот на воениот и безбедносниот апарат.
Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран се интензивира, при што двете страни изнесуваат спротивставени тврдења за обемот на штетата и бројот на жртви во последните напади.