ССМ до пратениците: Гласајте го амандманот за усогласување на платите за 2.806 денари во јавен сектор!

ССМ ги повикува пратениците да го изгласаат амандманот за усогласување на платите за 2.806 денари во јавниот сектор пред дополнителното зголемување на цените на електричната енергија, нафтените деривати и новите ценовни шокови.

„Гласајте го амандманот на ССМ за усогласување на платите за 2.806 денари во јавен сектор предложен од ВМРО-ДПМНЕ и не ја користете расправата за ребалансот за дополнително да ги уназадувате работничките права преку укинување на недела неработен ден во туристичките места, а тоа значи насекаде“ – порачуваат од ССМ.

Нагласуваат дека на комисиската расправа пратениците треба времето да го трошат за утврдување на ставките преку кои сите работници од јавен сектор од 1 јули годинава ќе го добијат усогласувањето на платите со порастот на минималната плата од 2.806 денари, а во спротивно ќе имаат удел за штрајкот на 22 јуни година што го закажа ССМ доколку не биде усвоен нивниот амандман.