Цената на нафтата расте – криптовалутите паѓаат!

Цената на нафтата утринава на Лондонската берза изнесува 121 долар по барел. Пред еден месец барелот беше околу 110 долари.

Цените на нафтата го забрзаа растот оти инвеститорите ги проценуваат изгледите за понудата и побарувачката поради започнувањето на американската летна сезона на возење и излегувањето на Кина од блокадата поради ковид.

Цените на криптовалутите на берзите, вредноста на биткоинот денес е 21.001 долар, што е пад од речиси 8% во споредба со вчера.

Другите криптовалути се исто така се во минус.

Цената на пченицата е 1.050 долари за тон, што е намалување за речиси 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 768 долари за тон.