„Украинските сили претрпуваат големи загуби во борбите против руските војници и во градот Северодонецк и во регионот Харков“ – вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој во своето традиционално обраќање до нацијата рече дека на Украина во моментот и е потребно модерно противракетно оружје, додавајќи дека не може да има оправдување за земјите партнери да го одложат снабдувањето.
„Некои руски проектили ја избегнаа одбраната и нанесоа жртви“ рече Зеленски.
Украина соопшти дека нејзините сили се уште се обидуваат да ги евакуираат цивилите од Северодонецк, откако Русија го уништи последниот мост во градот.
„Најтешките борби, како и досега, се во Северодонецк и другите блиски градови и села. Загубите, за жал, се болни. Но, мораме да останеме силни – да останеме силни е многу критично за Донбас. Колку повеќе загуби непријателот претрпи таму, толку помалку сила ќе му остане за да ја продолжи својата агресија“ – смета Зеленски.