Скендер Реџепи е независен пратеник – си оди од Алтернатива

Скендер Реџепи – пратеникот од владејачката партија Алтернатива ја напушта партијата и во иднина ќе делува како независен пратеник.

Тој за оваа одлука го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство, а во Владата влезе откако истата ја напушти движењето БЕСА.

Реџепи е незадоволен од владиниот договор и не се појави на последниот партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата.

Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.