Дел од пратениците од „Има таков народ“ стануваат независни

Петмина од пратениците од партијата „Има таков народ“ кои најавија заминување од партијата на Трифонов поднесоа барања за напуштање на пратеничката група во Народното собрание.

Николај Радулов, Дејан Петков, Иво Атанасов, Светлин Стојанов и Георги Георгиев станаа независни пратеници, јавуваат бугарските медиуми.

Парламентарната група на ИТН сега во бугарскиот Парламент има 20 пратеници.

На Фејсбук се организира национален марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев што треба да се одржи во Софија на 22. јуни.

Причина за најавениот протест се потресите во земјава во последните денови и повлекувањето на ИТД од владејачката коалиција.

„Целта на настанот е да се одржи мирен марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев. Сите што сакаат да бидат дел од промената нека дојдат во Народното собрание на 22.06.2022 година во 18:30 часот“ – пишуваат организаторите.