Бојан Маричиќ – заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања во рамките на посетата на Брисел одржа брифинг со претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата, за динамика на имплементација на предвидените реформи и посветеноста на Владата во нивна реализација, особено во клучните области на владеење на правото, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Маричиќ порача дека овој моментум не смееме да го изгубиме за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.
„Наша стратешка цел останува членството во ЕУ, со целосна посветеност на реформите што ги спроведуваме на тој пат за трансформација на општеството во согласност со стандардите на развиените демократии на ЕУ, за подобар животен стандард за нашите граѓани, што всушност е целта на овој процес и членството во ЕУ“ – рече тој.
На брифингот присуствуваа делегати од сите земји членки на Советот на ЕУ, како и претставници на Генерален директорат за проширување и Европската служба за надворешно дејствување, што е доказ за интересот за македонската европска перспектива, но и доказ за посветеноста на ЕУ на процесот на проширување.
Низ дискусијата која се разви на состанокот, прогресот на нашата земја беше потврден од делегатите и изразија верување дека Северна Македонија ќе слушне убава вест на претстојниот јунски Самит.