Петков: Уште едни избори ќе бидат губење на историско време!

„Продолжуваме да разговараме со многу луѓе, идејата е секој да ја сфати огромната одговорност што ја носи. Ако немаме 22 предлог-закони до крајот на годината, губиме 12 милијарди од европски фондови, нема ажурирање на пензиите, младите семејства нема да добиваат дополнителни даночни олеснувања, цените на горивата продолжуваат ќе продолжат да растат и веројатно уште еден бран ковид доаѓа наесен. Видовме дека има храбри и одговорни луѓе и сега мора да се следи нивниот пример“.

Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков откако неколку пратеници од „Има таков народ“ објавија дека ја напуштаат пратеничката група.

„Се фокусиравме да имаме 121 пратеник кои нема да се зависни, да нема кој да ја спречи промената во антикорупциската комисија, да нема кој да го запре буџетот. Радостин Василев и пратениците порачаа дека нивната лојалност е кон Бугарија. Сега прашање е да се следи нивниот пример со уште 7 лица“ – рече Петков.

Тој смета дека нема задкулисни договори.

„Уште едни избори ќе бидат погубни и губење историско време“ – рече Петков.