„Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата“.
Ова во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА го изјави генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.
Посочува дека НАТО е Алијанса на 30 земји со различна географија, историја и политички парти и „не треба да нè изненадува фактот што понекогаш постојат силни несогласувања меѓу земјите, но, различните ставови и дискусии се суштински дел од демократиите“. Додава дека во минатото имало несреќи со грчките и турските сили и „мора да направиме сè што можеме за да помогнеме да се намали ризикот од такви несреќи во иднина“.
За улогата на Грција во НАТО, Столтенберг вели дека е „силен и драгоцен сојузник“.
„Грчките војници играат важна улога во мисиите на НАТО, вклучително и во Косово и во Ирак. Покрај тоа, Грција има вреден придонес во нашите поморски мисии, вклучувајќи го и нашиот развој во Егејското Море, помагајќи да се намали нелегалната трговијата со луѓе во Европа. Во воздух, грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. Грција исто така е пример и во однос на одбранбените трошоци, исполнувајќи ја целта од 2 отсто од БДП и инвестирајќи во значителни нови можности, вклучително и авиони од петта генерација“ – вели Столтенберг.