Авторката на „Како да го убиеш сопругот“ доби доживотен затвор!

Авторката на есејот „Како да го убиеш сопругот“ – Ненси Кремптон – Брофи е осудена на доживотен затвор поради убиство на нејзиниот сопатник.

Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење, во јуни 2018 година.

Обвинителите изјавија дека во Даниел Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и полнел кофи со вода и мраз, а потоа и во градите од непосредна близина.

Парот бил во долгови, а продажбата на романите на 71-годишната авторка не одела најдобро. Обвинителите тврдеа дека тој бил осигуран на повеќе од еден милион долари.

Ненси Кремптон се бранеше дека купила оружје како дел од пишувањето за нејзината нова книга. Во 2011 година, таа на блог објави текст со наслов „Како да го убиеш твојот сопруг“.