Мишел ќе ја посети Црна Гора

Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, соопшти Службата за информирање на претседателот на Црна Гора.

Мишел во вилата „Горица“ со највисоки воени и државни почести ќе биде пречекан од црногорскиот претседател – Мило Ѓукановиќ.

Разговорите ќе започнат со средба на двајцата претседатели во четири очи, која ќе продолжи во присуство на делегации.

За време на престојот во Подгорица, Мишел ќе се сретне и со премиерот Дритан Абазовиќ и ќе има работен ручек со членовите на Владата.