„Франција и Европа се во состојба на воена економија”
Претседателот на Франција – Емануел Макрон вели дека неговата земја и Европа влегле во состојба на „воена економија“. Тој посочи дека по руската инвазија на Украина во февруари годинава, Франција „влезе во состојба на воена економија“ во која ќе остане уште долго.
Тој зборуваше на отворањето на „Eurosatory 2022“ – меѓународен саем за трговија со оружје во Париз и рече дека побарал од министерот за одбрана и началникот на Генералштабот во следните недели да ги разгледаат законите за воената програма во контекст на актуелната геополитичка ситуација.
Повика и на натамошно зајакнување на европската одбранбена индустрија.
Францускиот претседател истакна дека европската одбранбена индустрија и технолошката инфраструктура треба да се зајакнат и да се направат посилни и поконкурентни.