Нова масовна гробница откриена во Буча

Во нова гробница во близина на Буча, каде што беа откриени тела на бројни цивили по повлекувањето на руската војска од Киев на крајот на март, сега биле пронајдени уште 7 закопани тела, соопшти киевската полиција.

„Русите овде измачуваа седум цивили, а потоа кукавички ги застрелаа во глава. Оваа гробница е откриена денеска на местото каде што биле стационирани руските војници, во близина на селото Миротска, 10 километри северозападно од Буча и 35 километри од Киев“ – напишал на Фејсбук началникот на киевската полиција – Андриј Небитов.

По заминувањето на руските војници од регионот на Киев, каде што беа откриени телата на стотици украински цивили, Буча стана симбол на руските воени злосторства.

Москва постојано ги отфрли обвинувањата, велејќи дека „се фалсификувани“ информациите и тврди дека злосторствата биле организирани од Украинци со поддршка од Западот.