Столтенберг: Киев ќе мора да и отстапи територија на Москва

„Украина да одлучи колку територија е подготвена да жртвува за мир“.

Ова денеска го изјави генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг и  напомена дека „Алијансата, предводена од САД, има за цел да ја зајакне позицијата на Украина на преговарачката маса“.

„Секој мировен договор ќе вклучува компромиси, вклучително и територија. Мирот е можен. Киев ќе мора да направи одредени територијални отстапки на Москва за да се стави крај на сегашниот конфликт“ смета Столтенберг.

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски потврди дека неименуваните странски страни се обидуваат малку да ги „турнат“ кон договор.