Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за 3 денари!

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денери за литат, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе е 111,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,5 денари за литар.

За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), литар од него ќе чини 105 денари.

Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе се продава за 56,317 денари.

Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек.