Алина Кабаева (39) – жената која наводно е љубовница на рускиот претседател Владимир Путин се појави во јавност првпат од април годинава, откако Западот воведе санкции за Русија поради инвазијата врз Украина.
Кабаева била на одморалиште на Црно Море во Сочи, на тренингот во кампот за ритмичка гимнастика со 28 деца, пренесува „Дејли мејл“.
Рускиот весник „Московски Комсомолец“ пишува дека Кабаева:
„Mногу ослабела. Алина сака скап стил на облекување кој, бидејќи е шеф на Националната медиумска групација, може да си го дозволи. Алина разговараше со децата во бели панталони и виолетова блуза со долги ракави. Исончаната ѕвезда ги покрила очите со модерни очила за сонце со бели рамки“ – наведуваат од весникот.