Поранешниот премиер на Русија – Михаил Касјанов кој на функцијата беше од 2000. до 2004. Година денеска изјави дека во неговите најлоши кошмари не можел да замисли дека Путин ќе ја нападне Украина.
„Путин, кого го познавав, беше поинаков“ – вели Касјанов во интервју за „АФП“.
Тој проценува дека војната може да трае и до 2 години, но сепак верува дека Русија повторно ќе тргне по демократски пат.
Касјанов сфатил дека ќе има воена интервенција само на 3 дена пред почетокот на војните дејствија, кога Путин ги свикал членовите на неговиот Совет за безбедност.
„Кога го гледав тој состанок на рускиот Совет за безбедност, конечно сфатив дека ќе има војна. Ги познавам тие луѓе и гледајќи ги, видов дека Путин повеќе не е истиот. Не медицински, туку политички“ – рече Касјанов.