Зеленски: Украинските војници жестоко се борат за секој метар од Северен Доњецк!

„Денеска е 110-ти ден од војната во Украина. Украинските војници жестоко се борат за секој метар од Северен Доњецк“.

Ова синоќа го во видеообраќање го изјави украинскиот претседател – Володимир Зеленски, во време кога руските сили го уништија мостот на реката, по што цивилите останаа со само еден излез.

Северодонецк стана епицентар на големите битки за контрола на украинскиот регион Донбас, а руската војска го освоила поголемиот дел од градот, смета Зеленски и посочува:

„Клучната тактичка цел на окупаторите не е променета – го напаѓаат Северодонецк, таму се водат силни борби, буквално на секој метар“.