Ивица Дачиќ излезе од болница

„Ви благодарам на сите. Грижете се за вашето здравје, да живее Србија“, рече тој на излегување од болница.

Министерот за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ денеска излезе од болницата каде што беше хоспитализиран поради тешка билатерална пневмонија.

„Ви благодарам на сите. Грижете се за вашето здравје, да живее Србија“, рече тој на излегување од болница.

Пред да ја напушти болницата, го посети српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Ивица штотуку излегува од болница. Благодарен сум на лекарите што прават чуда и среќен сум за него и неговото семејство кои слават живот и голема победа. За да не се лути никој, тој е социјалист, јас не сум, па му благодарам и на Бога. П.С. Од следната недела ќе мора да ми се придружи во работата, нема повеќе мрзеливост“ – напиша Вучиќ во објава на социјалните мрежи.